Линколн сè уште им пркоси на сите квоти со тоа што ја задржа првата позиција на табелата и после денешното 26. коло од англиската Лиг 1.
Денес, ,,Црвените” потполно го изненадија Портсмут на ,,Фратон Парк”, триумфирајќи со 0-1.
Домаќините останаа со десетмина на теренот, откако во 29. минута, директен црвен картон доби дефанзивецот Џек Ватмоуг.
Популарните Помпи успеваа да им одолеат на противничките налети цели педесет минути, но во 79. минута, Морган Роџерс, со првенецот во својата сениорска кариера, му ја донесе посакуваната победа на Линколн.
Двата порази во низа на Портсмут го оттргнаа тимот од местата што водат директно во Чемпионшип, но сè уште го ,,држат” во плејоф-зоната.
📸 Twitter: Lincoln City FC



