Хадерсфилд Таун, иако доведе неколку засилувања во досегашниот дел од преодниот рок, денес го запиша петтиот пораз во низа.
Имено, ,,Териерите”, во 26. коло, беа поразени од Бристол Сити со резултат од 2-1 и покрај целосната доминација во текот на цел натпревар.
Главен ,,виновник” за победата на Бристол Сити беше Фамара Џеџу, кој стана најдобар стрелец на својот клуб, со двата брзи денешни голови (23′, 26′).
Во второто полувреме, Хадерсфилд успеа само да го преполови својот заостаток преку Жунињо Бакуња (59′).
Со новиот триумф, популарните Робинс избија на осмото место на табелата, додека Хадерсфилд остана на четиринаесеттата позиција.
📸 Twitter: Bristol City FC