
На денешната олимписка програма во сноубординг беа трките во сноуборд крос во женска конкуренција.
Имено, нова олимписка стана Линдзи Џакобелис, која го освои единствениот наслов што недостасуваше во нејзината богата кариера.
После бронзата од Сочи 2014, Французинката Клои Треспеуш доби сребро во Пекинг 2022, а Канаѓанката Мерјета Один доби бронза и го освои најдобриот пласман во кариерата.
Од финалистките, единствена без освоено одличје на ЗОИ 2012 беше Австралијката Бел Брокоф.
Освојувачките на медалите од ЗОИ 2018, Микаела Мојоли и Жулија Переира де Соуза, завршија во полуфиналето, а Ева Самкова не учествуваше на трката поради повреда.
Накрај, Переира де Соуза го доби петтото место, откако во малото финале ги доби Тес Кричлоу, Стејси Гаскил и Мојоли.