Десеттата станица од Светскиот куп во ски скокови во тековната сезона беше во полскиот Закопане.
На сите досегашни натпреварувања триумфираа само пет различни скокачи: Маркус Ајзенбихлер, Халвор Егнер Гранеруд, Карл Гајгер, Давид Кубацки и Камил Штох.
Денес, сезоната го доби шестиот различен победник, откако на скокалницата ,,Виелка Крокиев”, после две серии, најдобро се покажа Мариус Линдвик.
Словенецот Анже Ланишек доцнеше само 2,3 поени во однос на Линдвик и ги раздели Норвежаните на подиумот, земајќи предвид дека Роберт Јохансон го освои третото место.
Австриецот Даниел Хубер се најде на четвртото место, а најдобриот домашен скокач беше вчерашниот трагичар – Андржеј Стекала.
Во продолжение, Рјоју Кобајаши, Јукија Сато, Домен Превц, Маркус Ајзенбихлер и Даниел Андре Танде го комплетираа пласманот во првите десет.
📸 Olympic Channel