Ливерпул и Манчестер Jунајтед одиграа скромно на најголемото англиско дерби и мечот на „Енфид Роуд“ заврши без голови и без победник. Двете најтрофејни екипи во Англија имаа по неколку шанси, најдобрата беше на Пол Погба во 82. минута за победа на ,,Црвеnите ѓаволи”, но Алисон Бекер одбрани за реми.
На ремито на „Енфилд Роуд“ најмногу се радуваат играчите и навивачите на Манчестер Сити, кои имаат шанса со победи на двата меча што им следат да го симнат градскиот ривал од врвот и да бидат први со 38 бода.



