Еурофарм Пелистер против норвешкиот шампион Колштад вечерва од 18:45 часот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола ги започнува натпреварите од Лигата на шампионите во ракомет.
После цели 18 години Лигата на шампионите се врати во Битола, на задоволство на големиот број љубители на ракометот во градот на конзулите, благодарение на Еурофарм Пелистер кој лани стигна до титулата шампион на Македонија.