Еурофарм Пелистер против норвешкиот шампион Колштад вечерва од 18:45 часот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола ги започнува натпреварите од Лигата на шампионите во ракомет.
После цели 18 години Лигата на шампионите се врати во Битола, на задоволство на големиот број љубители на ракометот во градот на конзулите.
Своите очекувања за првиот натпревар во Лигата на Шампионите ги сподели Александар Јовиќ:
Колштад е екстра квалитетна екипа, која во своите редови има шест норвешки и еден исландски репрезентативец. Има динамична игра и мислам дека ќе биде задолвоство да се натпреваруваме со нив. Верувам дека ќе се прикажеме во најдобро светло оваа сезона, пред нашата публика, во нашата реновирана сала. Од натпреварите на кои не бевме на висина на задачата извлековме многу поуки.
Еурофарм Пелистер ќе биде подготвен за предизвиците. За најдобрата публика и најракометниот град во Европа ќе порачам дека ќе оставиме срце на терен, ќе се прикажеме во најдобро светло и нема да ги разочараме навивачите – изјави Александар Јовиќ.