По изненадувачкиот пораз од Олдам Атлетик (2-1) пред десет дена, екипата на Салфорд успеа одлично да се врати во колосек и да го декласира лидерот на табелата.
Имено, во заостанатиот натпревар од 26. коло, клубот во сопственост на поранешните ѕвезди на Манчестер Јунајтед, го порази Кембриџ Јунајтед со убедливи 4-1.
Салфорд го заврши првото полувреме со предност од три гола, а во 69. минута зголеми на 4-0. Двоен стрелец беше најдобриот голгетер на тимот, Иан Хендерсон (19′, 69′), а по еднаш погодија Ричард Тауел (33′) и Роби Готс (42′).
Од друга страна, единствен што ја затресе мрежата на Вацлав Хладки беше Пол Малин во 71. минута. За Англичанецот, ова беше 20. овосезонски погодок доволен за првото место на листата на стрелците.
За Кембриџ, ова е прв лигашки пораз во 2021, кој сè уште го држи на врвот на табелата, додека Салфорд го зазема деветтото место и е на само бод од плејоф-зоната.
📸 Twitter: Salford City FC