По потпишувањето на новиот тригодишен договор, тренерот на Плимут Аргајл, Рајан Лоу, на одличен начин ја оправда одлуката на челниците на тимот.
Имено, Лоу денес го предводеше претставникот на југозападна Англија до тешка победа над Акрингтон Стенли од 0-1.
И покрај иницијативата во текот на цел натпревар, Акрингтон не успеа да ја затресе мрежата на Мајкл Купер, кој имаше пет одбрани.
Што се однесува до Плимут, стрелец на погодокот беше новото засилување од Бартон Албион, Најал Енис, кој погоди во 51. минута.
Во овој момент, Акрингтон го зазема десеттото, а Плимут – дванаесеттото место на табелата, но голем дел од најблиските конкуренти треба да го одигра својот натпревар.
📸 Twitter: Accrington Stanley FC



