Во заостанатиот натпревар од 25. коло на англиската Лиг 2, лидерот на табелата, Челтенам, на ,,Ведон Роуд”, го пречека новајлијата што се бори за опстанок – Бероу.
Иако домаќините од Глостершир беа огромни фаворити на хартија, сепак накрај до победата од 0-2 стигнаа минатосезонските петтолигаши.
Челтенам доминираше во текот на цел натпревар, но не успеа ниту еднаш да ја затресе мрежата на Џоел Диксон.
Од друга страна, гостите од Камбрија поведоа уште во втората минута, кога Џејмс Џонс биеше прецизно за својот дебитантски гол во новата средина.
Во вториот дел, конечниот резултат го постави Шон Лонг, кој несреќно ја затресе сопствената мрежа во 66. минута.
На овој начин, Бероу дојде до третата врзана победа, која го оддалечи на големи пет поени од ,,црвената” зона, додека Челтенам и понатаму останува на врвот, но со натпревар повеќе во однос на најголемиот ривал – Форест Грин.
📸 Dave Peters (Prime Media)



