Екипата на Еуро Никел успеа да направи изненадување. Кавадарчани славеа против Пелистер како гости во Битола, во натпревар во кој се одиграа дури три продолженија, а крајниот резултат гласи 116:122 во регуларниот дел беше 92:92.
Најдобар во победничкиот табор беше Рикиќ со 23 поени, пред Мијатовиќ со 21 поен, Соколов имаше 19 поени, додека Дубински заврши со 18 поени. Кај Пелистер, Кесар имаше 33 поени, пред Малешевиќ со „дабл-дабл“ од 30 поени и 10 асистенции, а двоен учинок оствари и Бојан Трајковски со 19 поени и 10 скока.
Фото: https://kfsm.mk/