Македонската ракометна репрезентација ги започна подготовките за двата пријателски натпревари против Романија, во рамките на ЕХФ неделата кои ќе се играат на 15. и 16. март во градот Браила.
„Чест и задоволство ми е што за првпат сум дел од сениорската репрезентација. Ова е голем мотив плус за мене во развојот на мојата кариера. Чувството е одлично, се биде дел од сениорскиот тим, можам да учам од поискусните колеги. Романија е добар тест пред натпреварите против Фарски Острови. Ќе се обидам да се се покажам во најдобро светло и да ја оправдам довербата“, изјави младиот голман Иван Галевски.




