Мартин Ивановски, 23-годишен ракометар кој игра на позицијата среден бек, во февруари 2025 година се приклучи на РК Алкалоид, предводен од тренерот Кире Лазаров. Претходно, Ивановски две и пол сезони настапуваше за Еурофарм Пелистер 2, а пред тоа беше дел од ГРК Охрид.
Со неговото доаѓање, Алкалоид ја засили конкуренцијата на средната бековска позиција, каде што веќе играат Игор Ѓорѓиев и Марко Митев. По повредата на одличниот Марко Митев младиот Ивановски на последните два меча со Баја Маре во Романија и Охрид добие уште поголема минутажа и возврати со прекрасни голови и асистенции и беше еден од најдобрите ракометари на Алкалоид.
Ивановски беше еден од најзабележителните ракометари во Првата лига, што го привлече вниманието на Лазаров.
Неговото брзо адаптирање и значаен придонес во играта на Алкалоид го потврдуваат како клучно засилување за тимот.




