Бразилскиот репрезентативец Рудолф Хекберт е ново засилување за македонскиот шампион, Еурофарм Пелистер. Десното крило, кое има 31 година, потпиша двегодишен договор и ќе се приклучи на тимот од почетокот на сезоната 2025/26.
Хекберт е двократен шампион на Јужна Америка и медалист од Панамериканските игри, со над 300 постигнати голови за бразилската репрезентација. Во клупската кариера, настапувал во Бразил и Шпанија, носејќи ги дресовите на Ла Риоја, Хуеска и Куенка во АСОБАЛ лигата.
Официјалното претставување на Хекберт во Битола е планирано на почетокот на подготовките за следната сезона.




