Македонскиот ракометен првак продолжува со засилувања за новата сезона! Полскиот десен бек Анџеј Видомски од следната сезона ќе биде дел од тимот, откако потпиша двегодишен договор со клубот.
Видомски, кој има 22 години и настапува за полската репрезентација, доаѓа од редовите на Гвардиа Ополе, тим што се натпреварува во полската Суперлига. Со висина од 186 сантиметри и одлични офанзивни квалитети, се очекува да биде значајно засилување во бековската линија.
Младиот Полјак ќе му се приклучи на новиот тим од јули 2025 година, кога ќе започнат подготовките за сезоната 2025/26. Неговото официјално претставување ќе се случи на почетокот на подготовките, а од него се очекува да донесе свежа енергија и квалитет во редовите на македонскиот шампион.
Со ова засилување, клубот покажува амбиции за нови трофеи и успеси, а навивачите со нетрпение го очекуваат неговиот деби настап.




