Утре македонскиот вицешампион Алкалоид ќе игра против Војводина во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје во 20.45 часот во првото коло од Лигата на Европа.
„Ние како млада екипа по ланскиот успех во македонското првенство во кое завршивме како вицешампиони, ни следи нов голем предизвик, тоа е Европската лига на ЕХФ. Прв ривал ни е РК Војводина, актуелен првак на Србија и составена од квалитетен ростер. Како капитен можам да кажам дека сме подготвени и дека играчите се мотивирани, со желба за докажување. За нас овие натпревари ќе бидат едно големо искуство. Би сакал да испратам порака до македонската јавност и публиката да дојдат и да не поддржат.“, изјави капитенот Игор Ѓорѓиев.