И со потрошените 250 милиони фунти изминатото лето, Челзи воопшто не делува како конкурент за титулата во Премиер лигата. Сините најмногу се рафрлаа со пари за засилувања во последниот преоден рок, но за да се остваруваат уште подобри резултати, клубот смета дека треба да се пушти во нов шопинг.
Како новогодишна желба, менаџерот Френк Лампард го издвои неверојатниот напаѓач на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд. Челзи повторно гледа во Бундеслигата за нови аквизиции по ангажманите на Вернер и Хаверц, кои уште не ги оправдаа очекувањата, но Халанд е речиси непогрешлива инвестиција со оглед на неговата статистика.
Неговата клаузула е 75 милиони евра, сума која Челзи без проблем може да ја плати и да му даде богата плата на норвежанецот. За Ерлинг Халанд интересот е огромен, во редот за преговори се застанати Реал Мадрид, Барселона, Баерн Минхен, Јувентус, ПСЖ и уште многу други гиганти.