сабота, јануари 23, 2021
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Кошарка

(Фото) Проект за развој на женска кошарка

Предраг Јанчески ✏️ Предраг Јанчески
декември 25, 2020
📁 Кошарка, Спорт

Тренирањето на кошаркарки во млади категории е доста одговорна и сложена активност, бидејќи тренерот не е само тренер. Истовремено е и личност која воспитува и има влијание врз младите кошаркарки во нивниот најчувствителен период на развој и созревање.

Прашање е дали тренерите кои се занимаваат со тренирање на кошаркарки во млади категории се свесни за својата улога и влијанието, позитивно или негативно, врз самите кошаркарки.

За еден тренер да биде успешен треба:

·         Да има кошаркарска основа и добро да ја познава кошарката

·         Да биде добар демонстратор на техничките елементи

·         Да ги познава педагошките и психолошките принципи на обука

·         Да има високи когнитивни способности

·         Да биде добар планер и организатор

·         Да има општи широки знаења

·         Да е добар мотиватор и човек кој инспирира

·         Да влева оптимизам и енергија во тренирањето

·         Да има своја филозофија, свои цели и желба за успех

·         Да има желба за постојано усовршување

И сега се поставува прашањето дали ние имаме тренери кои работат во женската кошарка и кои ги имаат овие карактеристики? Одговорот на ова и некои други прашања поврзани со оваа тематика ги дава координаторот за женска кошарка, Саша Димитријевиќ преку неколку особено важни предлози кои би требало да бидат реализирани во наредниот период.

Ова беше мотив да направиме план за менторирање на млади тренери, а тоа значи изготвување на програма за работа со вежби за У10, У12 и У14 генерациите. Менторирањето би опфатило и теоретски предавања поврзано со програмата за тренинг и демонстративни тренинзи бидејќи демонстрацијата во работата со младите кошаркарки е многу важен момент.

Најважниот момент во менторирањето е контролата на работа на самите тренери и опсервација на тренингот.

Добрите тренери се „крвотокот“ на успешни организации. Ние како федерација можеме да правиме секој месец одлични проекти за развој, но ако немаме добри тренери, сето тоа паѓа во вода и затоа се појавува оваа потреба за ваков проект за обука-менторирање на млади тренери.

Со еден ваков проект ќе мотивираме и нови млади тренери–почетници да се обучуваат и да се вклучуваат во работа во клубовите.

Во исто време ќе ги следиме тренерите на неделно ниво. Нивната работа и нивниот напредок, а оние кои ќе бидат посветени и кои ќе напредуваат нормално ќе биде и да се праќаат на разни семинари, ФИБА обуки и на кампови како и на специјализации во добри клубови низ Европа. И на тој начин да ја кренеме тренерската струка во Македонија, особено оние што работат со млади кошаркарки.

Идејата е еднаш неделно да правиме состаноци со тренерите од Скопје и тоа да биде во сала каде би имале можност и за демонстрација на вежбите. На тие состаноци би ги поминале сите вежби кои би се работеле во седмицата која доаѓа.

Еднаш до двапати месечно, тренерите кои не се од Скопје, би доаѓале на еден ваков состанок. Тука не е исклучен и состанок со тренерите преку ZOOM апликацијата. На тој начин би имале почеста комуникација.

Нормално дека не можеме да ги присилиме ниту клубовите ниту тренерите на едно вакво менторирање, но оние кои сакаат да напредуваат мислам дека ќе гледаат на овој проект како можност за нивен личен напредок.

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ТРЕНЕРИТЕ ВКЛУЧЕНИ ВО ПРОЕКТОТ

Проектот за развој на женската кошарка „Менторирање на тренери што работат со млади категории на кошаркарки“ ќе стартува овој викенд. Според планираното, активностите ќе се реализираат во Скопје.

Првиот тренинг ќе биде реализиран во сабота (26.12.2020), од 11.часот, во салата при Основното училиште „Киро Глигоров“ во Скопје. На првиот собир треба да се појават сите пријавени тренери кои сакаат да бидат вклучени во овој проект на федерацијата и на Здружението на кошаркарски тренери на Македонија.

Извот и фото: kfsm.mk

ShareTweet
Претходна вест

Управниот одбор на ФФМ одобри 4.200.000 евра премија за ЕУРО

Следна вест

Лампард има спектакуларна Новогодишна трансфер желба

Предраг Јанчески

Предраг Јанчески

Слични вести

(ВИДЕО) Двојно славје на Франција во северозападна Италија
Останато

(ВИДЕО) Двојно славје на Франција во северозападна Италија

✏️ Епов Насе
23/Јан/2021
(ВИДЕО) Норвешка триумфираше, но Германија славеше во Лахти
Останато

(ВИДЕО) Норвешка триумфираше, но Германија славеше во Лахти

✏️ Епов Насе
23/Јан/2021
(Видео) Голот за победа на Лазаров против Украинa е избран за најубав на вториот ден од ЕП
Ракомет

(Видео) Лазаров – На ова СП го допревме дното, тагувам и јас како и цела Македонија

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
23/Јан/2021
Лацио собра дете од улица за свое засилување
Спорт

Лацио собра дете од улица за свое засилување

✏️ Предраг Јанчески
23/Јан/2021
Следна вест
Лампард има спектакуларна Новогодишна трансфер желба

Лампард има спектакуларна Новогодишна трансфер желба

Последно

(ВИДЕО) Двојно славје на Франција во северозападна Италија

(ВИДЕО) Норвешка триумфираше, но Германија славеше во Лахти

(Видео) Лазаров – На ова СП го допревме дното, тагувам и јас како и цела Македонија

Лацио собра дете од улица за свое засилување

(Видео) Арсенал бранителот на трофејот доживеа рана елиминација

Брестовац: По Лазаров за лидер на тимот се наметнува Кузмановски

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.