Фудбалскиот клуб Работнички на спогодбен начин ја прекина соработката со шефот на стручниот штаб Ратко Достаниќ. Во пролетниот дел од првенството ќе има нов шеф на стручниот штаб.
Работнички го заокружи есенскиот дел од првенството на седмата позиција со 24 бода. Тимот оствари пет победи, четири порази и имаше девет нерешени исходи, недоволно првиот тренер на клубот да ја задржи својата работа на клупата на ,,Романтичарите” од ,,Градски парк”.
Извор и фото: http://www.fkrabotnicki.com/



