Женската фудбалска репрезентација на Македонија во третото коло од квалификациите за СП 2023 година, со убедливи 1:4 славеше на гостувањето кај Летонија.
Наташа Андонова, Рочи и Максути беа стрелци на головите за Македонија, додека Балицева го постигна голот за Летонија. Фудбалерките со трите бода се искачија на четвртото место на табелата, за пет дена играат против последнопласираната селекција во групата Д, Луксембург.



