Кил еден од најдобрите тимови на планетата доаѓа утре во Битола во третото коло од Лигата на Шампионите.
Во пресрет на натпреварот свое видување даде левото крило Цветан Кузманоски:
„Сите знаеме каква екипа е Кил. Гледавме видео материјали, се обидовме да ги анализираме, а имаме и уште два тренинзи за да се подготвиме. Се надеваме на добра и борбена игра, без голем респект кон нив, иако имаат ракометари од светски рамки. Верувам дека ќе дадеме максимум и тоа ќе ни донесе добар резултат. Добро отворивме против Алборг, но веројатно од неискуство дозволивме лесни голови и огромно заостанување. Имавме избрзани шутеви, пад на концентрација, па Алборг дојде до убедлива победа. Кил е исто така нова екипа, сепак е септември и поразите во Бундеслигата се вообичани“, – изјави македонскиот репрезентативец Цветан Кузманоски.