Анортозис го освои Суперкупот на Кипар за 2023 година, во финалето победувајќи го Парнасос Строволу со 23-17 во натпреварот одигран на „Тасос Пападопулос-Елефтерија“.
Македонскиот голман Мартин Јовановски оваа сезона брани за првакот Анортозис. Уште на првите натпревари нашиот Мартин покажа дека е големо засилување за првакот од Кипар.
Јовановски бранеше одлично и со 15 одбрани е еден од најзаслужните за титулата во Суперкупот. Мартин имаше дури 9 одбраи во вториот дел кога Анортозис направи пресврт и од минус еден на полувреме стигна до плус шест и победа.