Вечерва во Подгорица тимот на Струга Трим Лум го игра реваншот против Будуќност во второто коло од квалификациите во .Конференциската лига. Натпреварот почнува од 21 часот.
Бесарт Кривањева е еден од важните играчи во тимот на Струга Трим Лум кој очекува и се надева дека ќе се пласираат во второто коло после победата во првиот натпревар.
“Атмосферата во тимот е одлична, од синоќа сме овде во Подгорица и сите сме нестрпливи да почне мечот и да го искажеме сиот наш потенцијал и квалитет. Ова ќе биде еден од најважните натпревари во историјата на клубот. Предводени од тренерот Дуро ние секаде одиме да играме напаѓачки, тоа е нашиот стил на игра. Така ќе биде и утре против Будуќност. Ќе играме офанзивно и на гол повеќе. Тоа е најдоброто оружје како да се бранат тие 1:0 од првиот меч, само со агресивна и напаѓачка игра, само така, никако поинаку. За утрешниот реванш сме максимално подготвени, решени сме да го дадеме максимумот па и повеќе од тоа, се со една цел, да извлечеме резултат кој ќе не носи во 3-то квалификациско коло во Конференциската Лига и да ги израдуваме струшките навивачи” изјави Кривањева.