Најдобриот македонски атлетичар Андреас Трајковски завележа викендов одлични резултати во Германија. Прво во Штутгарт победи со скок од 7,67 метри, додека пак во неделата во Инеринген Хетинген прескокна 7,91 метри (+1,9 м/с). Ова е нов македонски рекорд и негов најдобар скок во кариерата.
Андреас со овој скок освои 1118 бодови според табелата на Светска атлетика и ќе му придонесе за нов скок на Светската и Европската ранг листа. Во овој момент, Андреас е 22-ри на Европската ранг листа и 70-ти на Светската ранг листа во дисциплината скок во далечина.
Скокот на најдоброт македонски атлетичар може да го погледнете на следниот ЛИНК.