Хенрик Кристоферсен замина со двојна победа од Гармиш-Партенкирхен, откако денес беше најбрз и на вториот слалом на германско тло.
Норвежанецот (1:52,66) дојде до дваесет и шестиот триумф во кариерата, иако беше осми после првата серија.
Второто место го зазеде Дејв Рајдинг (+0,35) со напредок од седумнаесет позиции, а третопласиран беше домашниот скијач – Линус Штрасер (+0,47).
Како четврт од денешната трка замина Лукас Бротен (+0,49), а со најдоброто второ скијање, од дваесет и шестата до петтата позиција дојде Марко Шварц (+0,51).
Искусниот Џулијано Рацоли (+0,57) беше шести, а најголемо изненадување приреди Шпанецот Хоаким Саларич (+0,60) на седмото место.
Од друга страна, најголеми трагичари беа тројцата првопласирани после првата серија, Лоик Мејар, Рамон Ценхојзерн и Јоханес Штролц, кои не ја завршија трката.