
Вториот спуст во Кран-Монтана (Швајцарија) од Светскиот куп во алпско скијање во женска конкуренција донесе огромна радост за домашната публика.
Имено, сензационално на првото место заврши Приска Нуфер (1:29,93), која дојде до првиот триумф, а воедно и до дебитантскиот пиедестал во својата кариера.
Вчерашната победничка, Естер Ледецка (+0,11), во самиот финиш дојде до второто место, а фаворитката, Софија Гоџа (+0,23), беше третопласирана.
Трката беше карактеризирана со мали разлики што се обелоденува со фактот дека дури петнаесет скијачки имаа заостаток под една секунда во однос на Нуфер.
Од нив, помалку од педесет стотинки доцнеа Корин Сутер (+0,27), Рагнилд Мовинкел (+0,31), Штефани Венир (+0,31), Федерика Брињоне (+0,33), Мишел Гизин (+0,43) и Јоана Хелен (+0,46).