Голема победа на Охрид на жешкото гостување во Кавадарци против директниот конкурент во борбата за Европа. Попладнево во салата „Јасмин“ Тиквеш – Охрид 22:25.
Крилата Цирар со 7 и Ојлески со 5 гола го водеа Охрид до победата во Кавадарци. Кај Тиквеш се истакна Мијатовиќ со 6 погодоци.