Во драматичен натпревар тимот на Пролет славеше на гостувањето во Струга со 22:24, иако на полувреме губеше со 13:12.
Во драматичен и неизвесен натпревар во кој Струга водеше со 22:20 во 57-та минута, судискиот пар Начевски – Божиновски имаше свое влијание на конечниот исход со две спорни одлуки на штета на домашните ракометари во последните 3 минути.
Најефикасен кај победникот беше Ласко Андоновски со 8 гола, додека Бошњак даде 7 за домашните.




