Крикет репрезентациите на Англија и Ирска ќе го одиграат првиот интернационален едноденвен крикет натпревар по рестартот на натпреварувачката сезона. Двете екипи ќе одиграат три мечеви (на 30 јули, 1 август и 4 август) и сите од нив ќе се одвиваат на „Ајџеас Боул“ во околината на Саутемптон.
Во пресрет на оваа серија од натпревари, Англичаните го објавија својот состав: Еоин Морган (капитен), Моеен Али, Џони Беирстоу, Том Бентон, Сем Билингс, Том Куран, Лиам Доусон, Џоу Денли, Сакиб Махмуд, Адил Рашид, Џејсон Рој, Рис Топли, Џејмс Винс и Дејвид Вили. Како резерви ќе се најдат: Ричард Глисон, Луис Грегори и Лиам Ливингстон.
Неколку од останатите поважни играчи на Англија, кои беа шампиони на светско првенство во 2019, се изоставени поради селекцијата за настапот во тестовите против Западните Инди и Пакистан.