понеделник, март 8, 2021
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Останато

Крихмајер славеше на СП во супервелеслалом; Бауман влезе во историјата

Епов Насе ✏️ Епов Насе
февруари 11, 2021
📁 Останато, Спорт

Иако почетокот беше планиран за изминатиот понеделник, Светското првенство во алпско скијање во Кортина д’Ампецо започна денес.

Прв настан во машка конкуренција, исто како и кај дамите, беше трката во супервелеслалом.

Поради еден исклучително изискателен свијок, првите тројца скијачи на стартот, Кристијан Валдер, Лоик Мејар и Мауро Кавиецел, не ја завршија трката, но им послужија како пример на наредните конкуренти.

Накрај, за првпат во кариерата, со злато од Светските првенства се закити водечкиот во генералниот пласман во оваа дисциплина – Винсент Крихмајер (1:19,41).

На второто место се пласираше Ромед Бауман (+0,07), кој стана првиот скијач во историјата што освоил светски медал претставувајќи две различни земји. Имено, 35-годишникот денес настапуваше за Германија, а на СП 2013, освои бронза во алпската комбинација во дресот на родната Австрија.

Денешниот подиум го коментираше водечкиот во вкупниот поредок на Светскиот куп, Алексис Пантуро (+0,38), кој освои медал за првпат во супервелеслалом.

Сензационалниот Канаѓанец, Броуди Сегер (+0,42), го пропушти подиумот за само четири стотинки, а бранителот на титулата, Доминик Парис (+0,55), заврши на петтото место.

Во продолжение, пласман во првите десет изборија уште: Матијас Мајер (+0,60), Матје Баје (+0,72), Тревис Генонг (+0,75), Андреас Сандер (+0,88) и Беат Фојц (+0,93).

📸 APA / GEORG HOCHMUTH

Tags: Алпско скијањеБауманКортина д'АмпецоКрихмајерСупервелеслалом
ShareTweet
Претходна вест

Прво злато на СП за Лара Гут-Бехрами

Следна вест

(Фото) Ивановски: Да се занимаваат следните генерации со Спорт или подалеку од него ?

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

(ВИДЕО) ДеШамбо триумфираше со последниот удар на Арнолд Палмер
Останато

(ВИДЕО) ДеШамбо триумфираше со последниот удар на Арнолд Палмер

✏️ Епов Насе
08/Мар/2021
(Фото) Резултати и табела по 13 кола во Трета лига – Југозапад
Спорт

(Фото) Резултати и табела по 13 кола во Трета лига – Југозапад

✏️ Предраг Јанчески
08/Мар/2021
(Видео) Лапорта е избран за нов претседател на Барселона
Спорт

(Видео) Лапорта е избран за нов претседател на Барселона

✏️ Предраг Јанчески
08/Мар/2021
(ВИДЕО) Огромен пресврт за победа на актуелните шампиони
Останато

(ВИДЕО) Огромен пресврт за победа на актуелните шампиони

✏️ Епов Насе
08/Мар/2021
Следна вест
(Фото) Ивановски: Да се занимаваат следните генерации со Спорт или подалеку од него ?

(Фото) Ивановски: Да се занимаваат следните генерации со Спорт или подалеку од него ?

Последно

(ВИДЕО) ДеШамбо триумфираше со последниот удар на Арнолд Палмер

(Фото) Резултати и табела по 13 кола во Трета лига – Југозапад

(Видео) Лапорта е избран за нов претседател на Барселона

(ВИДЕО) Огромен пресврт за победа на актуелните шампиони

(ВИДЕО) По третпат во низа Ајландерс и Бафало го пружат истиот резултат

(Фото) Додевски се закити со бронза на ,,Софија Опен Г1″

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.