
Во текот на претстојниот викенд ќе се одржи машкото Светско првенство во ски летови во Викерсунд, Норвешка.
На денешната програма беа квалификациите на кои учествуваа вкупно 45 скокачи.
Најмногу поени (217,9) собра светскиот рекордер, Штефан Крафт, кој победи со летот од 230 метри.
Сепак, најдолго издание од сите имаше второпласираниот Михаел Хајбок, кој прелета 233 метри.
Словенците ја продолжија својата солидна форма на леталниците и ги зазедоа наредните две позиции преку Анже Ланишек и Домен Превц.
Најдобар домашен претставник беше Мариус Линдвик на петтото место, а актуелниот светски првак во оваа дисциплина, Карл Гајгер, заврши како шести.
Во првите десет се пласираа уште: Јохан Андре Форфанг, Константин Шмид, Рјоју Кобајаши и Андреас Велингер.