До пред три кола, екипата на Брентфорд не знаеше за пораз 21 лигашки натпревар.
Сепак, во рамките на денешното 31. коло од англискиот Чемпионшип, ,,Пчелите” беа поразени по третпат во низа и тоа од Ковентри со 2-0.
Номиналните домаќини на овој меч го заслужија првиот триумф после пет средби, а стрелец на двата погодоци беше Тајлер Вокер.
Англичанецот погоди од пенал во 17. минута, а во десеттата минута од второто полувреме, заедно со асистентот Калум О’Хер, одлично го искористија лошото додавање на противничкиот голман – Давид Раја.
Причина за неефикасноста на Брентфорд беше отсуството на најдобриот голгетер, Ајван Тони, како и на првиот капитен Понтус Јансон.
Со новите три поени, Ковентри ја зазема дваесеттата позиција, додека Брентфорд е втор, но со натпревар повеќе во однос на конкурентите.
📸 Twitter: Coventry City