Поранешниот фудбалер на ФК Работнички, Себастијан Херера кој игра на леавта бековска позиција настапува за унгарски МТК од Будимпешта и е соиграч со Бојан Миовски. Фудбалерот кој има 26-години за унгарските медиуми колумбиецот зборуваше дека постои можност да биде повикан од Игор Ангеловски за квалификациските натпревари за Мундијалот во март и ако задоволи да добие повик и за Европско првенство.
Македонскиот селектор одлично го познава колумбискиот интернационалец, со оглед на тоа што тој беше човекот кој што го доведе во Македонија пред шест години. Наредниот месец Македонија ќе игра три меча во квалификацискиот циклус за Светското првенство. Прв натпревар на распоредот е гостување во Романија потоа го пречекуваме Лихтештајн, а на крајот ќе патуваме кај фаворитот Германија.