Драгана Костова е една од најпознатите и најдобри фудбалерки во Македонија. Таа има богата кариера исполнета со многу трофеи, признанија, репрезентативни настапи и интернационална кариера.
Костова на својот профил и на клупскиот сајт објави дека по пет годишна верност кон ЖФК Драгон од Скопје и освоени четири шампионски титули како и настапи во квалификациите за женската Лига на шампиони, одлучила дека е време за крај и спремна е за нови предизвици во кариерата.
Драгонки беа доминатни сите овие години благодарение на лидерот и капитен, но како што е во животот така е и во спортот па на се му доаѓа крај. Кога ќе дојде крај тоа е знак дека следува нов почеток. Костова сега е слободна на трансфер пазарот и ќе чека погодна и примамлива понуда за нов ангажман.
,,Се има почеток и крај во животот, така е и во спортот. Ги поминав најубавите години во фудбалската кариера токму во овој клуб. Заедно имавме добри и лоши моменти, добрите остануваат засекогаш во нас, да има на што да се сеќаваме во иднина. Четири пати се радувавме на шампионска титула, ви благодарам за честа за настап во Лига на Шампиони. Дојдов како играч, ќе си одам како капитен. Благодарност до сите тренери, претседатели,спонзори, соиграчи, ми беше чест да ја делам соблекувалната со сите вас. Драгонки ви посакувам од се срце здравје, среќа и уште многу успеси” – изјави за клупскиот сајт Драгана Костова.



