Поради пандемијата со вирусот и се зачестените заболени од вирусот Ковид 19, летните кампови на Кирил Лазаров попознато како ,,Кирил Лазаров 7″ и ракометната академија на Стевче Алушовски се откажани.
Здравјето е пред се па така двете ракометни легенди на Македонија ги откажаа своите традиционални летни кампови и ќе бидат презакажани за наредна 2021 година. Кампот на Лазаров беше закажан во термин од 19. јуни до 1. јули во Охрид, додека ракометната академија на Алушовки требаше да го организира кампот во Маврово, но ситуацијата која преовладува во Македонија ги примора легендарните ракометари да ги откажат своите летни ракометни активности.