Попладнево од 17 часот во спортската сала ” Нико Нестор” во Струга екипите на КК Црн Дрим 007 и ГКК Охрид одиграа меморијален кошаркарски натпревар во чест на “Здравко Танески – Здравче” кој заврши 55:55.



Овој спортски настан се организира со цел да се зачува во убави спомени ликот и делото на поранешниот кошаркар на КК “Црн Дрим” од Струга и поранешен кошаркарски судија Здравко Танески- Здравче”
