Македонската машка ракометна репрезентација денеска ги започна подготовките за двомечот против Словенија, кој е дел од квалификациите за Европското првенство 2026.
Првиот натпревар ќе се одигра на 12 март во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје со почеток од 20:00 часот, а вториот е закажан за 16 март во салата во Копер, со почеток од 18:30 часот.
Десното крило Ненад Костески ги сподели своите очекувања за претстојниот предизвик:
„Не очекуваат два тешки натпревари против квалитетна репрезентација како Словенија. Јасно ни е со каков противник се соочуваме и знаеме дека не смееме да ја потцениме. Имаме само неколку дена за подготовка, но ќе се потрудиме да бидеме максимално подготвени за првиот дуел пред нашата публика. Очекувам силна поддршка од трибините, што ќе ни даде дополнителен мотив. Светското првенство исто така ќе биде мотив плус да одиграме на високо ниво. Ќе дадеме сѐ од себе за победа. Свесни сме дека Словенија има квалитетни индивидуалци и добро покриени позиции, играат брз и модерен ракомет. Ќе ги анализираме добро и ќе се обидеме да одиграме најдобро што можеме,“ изјави Костески.




