
Последната трка во Лејк Луис (Канада) од Светскиот куп во алпско скијање беше воедно и првиот овосезонски супервелеслалом во женска конкуренција.
На него, до петтата победа во кариерата дојде Швајцарката Корин Сутер (1:20,75), која беше на подиумот сите три дена.
Изненадување приреди второпласираната Корнелија Хитер (+0,02), додека на третата позиција се искачи Рагнилд Мовинкел (+0,16).
По третпат во низа, подиумот за ,,влакно” и’ побегна на Мирјам Пухнер (+0,26), додека победничката од претходните два дена, Софија Гоџа (+0,36), го зазеде петтото место.