Првиот натпревар во Лиг 2 (англиската четврта лига), после цели 104 денови, го одиграа Колчестер и Ексетер.
Двете екипи се соочија во првиот полуфинален дуел од плејофот за влез во Лиг 1. Колчестер, кој заврши на шестото место по заклучувањето на регуларната сезона, на својот ,,Колчестер Комунити Стадиум”, избори победа од 1-0. Стрелец на единствениот гол беше Коен Брамал кој, од слободен удар во 81. минута, го заби својот втор гол сезонава.
Реваншот ќе се одигра на 22 јуни (понеделник) во 18:15 часот.Другиот полуфинален двобој го сочинуваат Челтенам и Нортемптон, додека директна промоција изборија Свиндон, Кру Александра и Плимут.



