
Откако поради силен ветар, вчерашното натпреварување во Инсбрук од Новогодишната турнеја беше одложено, делегацијата на ФИС одлучи да ги поништи и квалификациите.
Наместо да бидат важечки квалификациските скокови од Инсбрук, беше организирано ново натпреварување во Бишофсхофен.
На повторените квалификации, триумф оствари победникот на двете досегашни етапи од турнејата, Рјоју Кобајаши, со најдолг скок од 141,5 метри.
Зад него се пласираа тројцата најдобри Норвежани, односно Мариус Линдвик, Даниел Андре Танде и Халвор Егнер Гранеруд.
Зад норвешкото трио следуваа тројца Германци, Карл Гајгер, Маркус Ајзенбихлер и Андреас Велингер, а во топ 10 завршија уште Данил Садреев, Ловро Кос и Јан Херл.




