После три одиграни натпревари на Светското првенство за кадети кое се игра во Скопје, нашиот репрезентативец Ненад Костески се наоѓа на првото место на листата на стрелци со 26 голови (со успешност од фантастични 84 % реализација), пред Фарук Јусуф од Нигерија со 25 голови (61% реализација) и нашиот капитен Мартин Серафимов со 24 голови (57% реализација).
Додека на листата на најдобри асистенти нашиот Мартин Серафимов е на фантастичното второ место со дури 18 асистенции или фантастичен просек од 6 по натпревар. 



