Во рамките на второто коло од Чемпионшип, Лидс на Еланд Роуд ја пречека екипата на Нотингем. Претставниците на Марсело Биелса триумфално влегоа во овој дуел со победата над Бристол од 1-3 пред една недела. Од друга страна, Нотингем загуби со 1-2 од ВБА во воведното коло.
Лидс поведе со голот на Пабло Хернандез во 59. минута.
Во 73. минута во игра влезе Езѓан Алиоски на местото на Џек Херисон, а само три минути подоцна, Луис Грабан го израмни резултатот со карамболски погодок после корнер.



