Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги очекува реваншот од четвртфиналето на СЕХА лига против Мешков Брест кој ќе се игра в недела во салата „Викторија“ со почеток во 16:00 часот.
На натпреварот во Битола не ја покажавме правата слика, игравме под нашите можности и сигурно можеме подобро. Се надевам дека во Белорусија ќе покажеме подобро лице. Не се откажуваме, четири разлика не се многу, во спортот сè е можно. Одиме на победа во Брест.Сигурно дека добро се подготвија двете екипи за првиот натпревар, но тоа не беше наш ден. Сите како екипа потфрливме, но одиме во Белорусија да се покажеме во подобро издание.Со секој тренинг, со секој натпревар се подготвуваме за тоа што ни следи. Сите добро знаеме што е пред нас. Со секој тренинг напредуваме и може да биде само подобро. – смета десното крило Јосип Божиќ Павлетиќ.