
Општо е познат фактот дека Кина е светска велесила, веднаш после САД, кога станува збор за освоени олимписки медали во скокови во вода.
Оваа теза беше оправдана и денес, откако најнаселената земја во светот дојде до 1-2 победа во машка конкуренција на даска од три метри.
Најсјајното одличје на своите гради го доби неверојатниот Чие Сији со вкупен резултат од 558,75 поени.
На второто место, од втората рунда натаму, во константност се наоѓаше неговиот сонародник Жонгјан Ванг со учинок од 534,90.
Двајцата Кинези беа воедно и најдобри во шестата серија, кога освоија по 102,60 поени за своите скокови.
Велика Британија исто така имаше причина за славје на овој настан, поради освоената бронза на Џек Лоер (518,00 поени).
Емотивно опростување од долгогодишната кариера, а воедно и од шестиот настап на ЛОИ имаше Јапонецот Кен Тераучи, кој го зазеде дванаесеттото место.
Својата кариера, на 35-годишна возраст, денес ја заврши и Мексиканецот Ромел Пачеко Маруфо со освоената шеста позиција на четвртите Олимписки игри.



