Честит Ден на Републиката Македонијo!
Симболична споредба со бојата на дресот на еден од најстарите фудбалски клубови во Македонија – ФК Караорман, и мојот омилен, од струшкиот регион именуван по планината Караорман, каде што се наоѓа родното место на мојот татко, селото Збажди.
Искрена благодарност до г-дин Марјан Чушкоски и г-дин Владо Ристовски за специјалниот подарок / дрес за мене.
Црвената боја е симбол на денешниот Национален празник, боја на посветените луѓе кои се бореле за првата Република во 1903 година.
Историја направена од храбрите Македонци, кои им оставиле обврска на идните генерации (каде и да се) да не ги заборават своите предци, корени, гордост и земја… ако сакаат нивната земја да постои!
Честит Илинден Македонијо! – стои во објавата на маестро Симон Трпчески