
Првиот меч од 29. коло на шкотскиот Чемпионшип беше всушност 142. дерби на областа Ершир во целокупната историја.
Имено, на стадионот ,,Сомерсет Парк” во Ер, домаќините Ер Јунајтед загубија од најголемите ривали, Килмарнок, со резултат од 1-3.
Килмарнок направи целосен ,,блицкриг” уште на самиот старт и после шеснаесет минути водеше со убедливи 0-3.
Стрелци на погодоците за ,,Кили” беа Рори МекКензи (3′), Оливер Шоу (12′) и Џек Сандерс (16′).
Во дваесеттата минута, во редовите на Ер, наместо Марк МекКензи, во игра влезе Норвежанецот Маркус Фјортофт, кој доби директен црвен картон само десет минути подоцна.
Домаќините, иако имаа играчки дефицит, успеаја да постигнат почесен погодок преку Кер МекИнрој (38′) што воедно беше и поставување на конечниот резултат.
На табелата, Килмарнок го презеде првото место од Арброут, додека Ер Јунајтед остана на шестото место.