Катерина Милеска, тренер на првакот Деспина, сеуште актуелната репрезентативка на македонската женска репрезентација и рекордерка по бројот на настапи во женската селекција е именувана за селектор на женската репрезентација до 17 години.
Женската репрезентација до 17 години ја очекуваат два пријателски меча во Букурешт со Романија (17. и 19. август), а првиот резултатски предизвик е квалификацискиот турнир следниот месец против Естонија, Молдавија и Украина.
Ме радува тоа што сум прв женски селектор на македонска репрезентација. Визијата на ФФМ „Повеќе жени, повеќе голови“ и стратегијата за развој на женскиот фудбал е насочена кон вклучување на повеќе девојки и жени во нашиот фудбал, а јас се надевам дека ќе бидам поттик за доплнителна промоција на нашиот фудбал. Се разбира, со докажување во работата и подобри резултати на националните тимови.