На ЕХФ шампионат во литванскиот град Клаипеда женската кадетска репрезентација на Македонија загуби од Шпанија со 24-27. Доколку утре ја совладаме Финска ќе се пласираме во полуфинале. Најефикасна во нашиот состав беше Дукоска со 8 гола. На голот на Македонија одлична беше и Марија Јовановска, но недоволно за победа.