Екипата на Барселона е пред ангажман на нов тренер. Каталонските медиуми најавија дека наследник на Кики Сетиен ќе биде холандскиот стручњак Роналд Куман. Пред Сетиен да седне на клупaта на ,,Ноу Камп” Куман бил во игра, но сепак поради обврски кон репрезентацијата на Холандија го одбил повикот.
Меѓутоа 57-годишниот стручњак е решен да поднесе оставка на клупата на репрезентацијата на ,,Лалињата” и да го прифати предизвикот наречен Барселона за кој што како играч има настапувано во минатото. Куман ги има предводено клубовите на: Ајакс, Бенфика, ПСВ Ајдховен, Феенорд, Валенсија, Саутемптон и Евертон.