На отвореното ракометно игралиште „Горан Попоски Бабец“ покрај женска плажа во Струга овие денови (од 12 до 16 август) се игра 48-то издание на Струшкиот ракометен турнир кој поради пандемијата оваа година е само со Македонски екипи.
После изедначена игра во првиот дел помеѓу Металург и Охрид, во вториот дел тимот од Скопје стигна до победа со 26-31.